logo
  
  Добредојдовте во Клиничка Болница "Д-р Трифун Пановски"



  ЈЗУ Клиничка болница Битола е регистрирана на 05.07.2005год. како континуитет на Општата болница Битола и пружа здравствена заштита на пациентите од југозападниот регион на Македонија.

Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој во болницата се создадоа услови успешно да се лекуваат сите видови заболувања со најсовремени дијагностичко-терапевтски методи.





Во периодот 27-29 мај, Зам Министерот за здравтсво на РМ, Проф.Поповски во придружба на делегација од Клиничката болница Битола, на покана на Претседателот на Советот -Гдин Јоран Карлсон и Претседателот на здравстевниот систем на регион Халанд- Гдин Мат Ериксон, реализираа посета на регионот Халанд, Шведска каде детално се запозна со начинот на функционирање на здравствените институции и здрвствениот систем во целост. Беа анализирани примери од системот на здравстевна заштита на Шведска од примарната и секундарната медицинска дејност во географски услови кои се идентични на општина Битола и југозпаден регион на Македонија, при што беа добиени значајни информации корисни за унапредување на македонскиот здравствен систем. Македонската делегација ја посети и болницата во Халмстад, која во Шведска беше прогласена за најдобро менаџирана болница во 2007. Притоа беше анализиран начинот на работа на болницата од Халмстад и беа посетени повеке технолошки најнапредни сектори во болницата, како на пример Центарот за дијагностика и Центарот за хирургија (во чиј состав работи одделот за роботска хирургија). Како резултат на досегашната соработка и во правец на реалзиација на идните планови беше потпишан договор за долгорочна мегусебна соработка мегу КББ и Регионалната болница од Халмстад. Со тоа поставија основни претпоставки за создавање на "твининг проект" во областа на неонатологоијата, сектор каде болницата Халмстад има најдобри резултати на светско ниво. На домакините, за топлото гостопримство, им се заблагодари Зам.Министерот за здравство во Владата на РМ Проф.Поповски, а Директорот на КББ, Прим.Кузмнаовски им упати покана да ја посетат Битола во ноември 2009, по повод реализација на проектот на КББ: "Годишен состанок на болници од Еврорегион на Пелагонија, Преспа и Охридско езеро, со мегународно учество- 2009".





КББ "Д-р ТРИФУН ПАНОВСКИ"
7000 БИТОЛА МАКЕДОНИЈА

Тел : 047/251-211
047/253-316
047/252-741
Факс : 047/253-435
Пош.Факс 221
ж-ка : 500-000000-4868-70

мапа

14/04/2009


НОВА ДОНАЦИЈА ОД ШВЕДСКА

16/04/2009
ДЕЛЕГАЦИЈА НА БОЛНИЦАТА ОД КОРЧА - АЛБАНИЈА

20.04.2009
ОД 20-26 АПРИЛ, ВО ПОСЕТА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КОРЗИКА - ФРАНЦИЈА