• ++389 47 251 211

ЗА НАС

ЈЗУ Клиничка болница Битола е регистрирана на 05.07.2005 год. како континуитет на Општата болница Битола и пружа здравствена заштита на пациентите од југозападниот регион на Македонија. Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој во болницата се создадоа услови успешно да се лекуваат сите видови заболувања со најсовремени дијагностичко-терапевтски методи. Болницата располага со сите оддели кои се законски пропишани за Клиничка болница. Во неа рутински се изведуваат сите медицински интервенции кои се од секундарно стручно медицинско ниво, како и голем број на интервенции кои се од класата на терциерно стручно медицинско ниво. Медицинскиот кадар е искусен, систематски стручно оспособуван со децении и е голем потенцијал за натамошен силен развој на медицнските дејности

ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ

Располагаме со модерна опрема од висока технологија помеѓу кои би ги издвоиле :

- 12 операциони сали со комплетна инфраструктура и инструментариум

- 8 кревети за интензивна нега и реанимација со потребна инфраструктура

- Комплетна РТГ и ехо дијагностика

- КТ дијагностика

- СПЕКТ Гама камера

- Комплетна ендоскопска дијагностика (уролошка, гинеколошка, хируршка и интервентна)

- Лапароскопија

- Артроскопија

- Офталмолошки ласер

- 1 базен со комплет апарати за физикална терапија ЕМГ И ЕЕГ

- Бронхоскопија

- комплетен информатички систем/хардвер и софтвер/

ИСТОРИСКИ ПОДАТОЦИ

Постојат пишани податоци за медицински активности на овие територии уште од античките времиња. Таквите активности биле изведувани во Асклепиевиот храм. Следните хронолошки податоци датираат од 13 век и се особено квалитетни и обемни. Главниот лекувач во тие времиња , свештеникот Варвар Охридски, бил директен ученик на Климент Охридски. Тој занаетот го изучил во болницата на Плаошник, која била интегрален дел од најстариот универзитет во Европа. Бројни податоци постојат за медицински активности , особено од организиран тип на формирање на болници, во отоманскиот период и во периодот мегу двете светски војни.>

Почетоците на современиот здравствен систем датираат од периодот по Втората светска војна со основање на повеке медицински институции од амбулантски тип во регионот И со повторно отворање на градската општа болница која постоела и пред Втората светска војна.

стандарди на организиран здравствен систем се постигнуваат со интегрирање на сите медицински институции од амбуланстски тип и Градската општа болница под заедничка управа во 1966 год и со градење на новиот објект на Градската општа болница во 1970 год.

во 2005 год. се прогласува за Клиничка болница, најдобра во својата класа по обем на пациенти и стручен квалитет во Македонија.